Делегација на СДСМ предводена од Претседателот Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р. Македонија, Ралф Брет и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс Де Вит. Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија.

МОЈА ВИЗИЈА - МАКЕДОНИЈА ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА

„Очите ти насолзени, устето ти насмеано“. Од пребогатата македонска  музичка ризница, овие стихови од познатата песна „Параходот“, веројатно го носат мотивот кој психолошки тежи повеќе од сите други кои биле искорнати од душата на народниот творец. Замислете, какво е тоа чувство да плачеш и да се смееш во исто време. Чинам дека Македонецот како никој друг, ја има „привилегијата“ најдобро да ја „артикулира“ таа мешавина од чувства. Разделбите како да ни се втиснати во генетскиот код, како да ни се судбински „дар“. Но, се чини дека тие разделби никогаш не биле толку болни, толку бројни и толку неопходни, како разделбите кои ја отсликуваат денешницата  на нашава земја.

ЗОРАН ЗАЕВ НА TWITTER

ЗОРАН ЗАЕВ НА YOUTUBE
7 ГОДИНИ ЛАГИ НА ВМРО ДМПНЕ
СКОПЈЕ 2014